Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ, партијата вечерва одржува седница на Извршен одбор
Со писмено соопштение информираа дека лидерот Димитар Ковачевски се повлекува од функцијата претседател, којашто ја најави на 8-ми мај...

Во СДСМ зад затворена врата од партијата најавија седница на Извршниот одбор. Со писмено соопштение информираа дека лидерот Димитар Ковачевски се повлекува од функцијата претседател, којашто ја најави на 8-ми мај. Согласно со Статутот на партијата, иницираше свикување на Конгрес на СДСМ, каде ќе се направи анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите.
„На парламентарните избори, партијата доживеа пораз, со што е зададен тежок удар, не само од граѓаните туку и од симпатизерите, дел од сегашните членови на партијата, организирани во друг политички субјект, а стимулирани од поранешни носители на високи партиски функции. Јас и партиското раководство имаме одговорност. СДСМ ќе треба да погледне кои се резултатите и слабостите во изминатите 4 години“, се вели во дописот на претседателот Ковачевски до Извршниот одбор.
