прегласување

Во Охрид и Струга прегласувањето се одвиваше мирно

22.05.2024 19:32

И двете избирачки места беа отворени точно во седум часот утрово и изборниот ден се одвиваше мирно...

Прегласувањето за парламентарните избори на двете избирачки места, во Охрид и Струга течеше непречено, без забелешки, ниту технички проблеми.

До 17 ч излезноста во Охрид изнесува 43, 04%. Гласале 306 граѓани од вкупниот број гласачи, кој изнесува 711. Во Струга до 15 часот од вкупно 755 гласачи на избирачкиот список правото на глас го оствариле 392 граѓани.

Во Охрид и Струга имаше прегласување на две избирачки места, по едно во двете општини. И двете избирачки места беа отворени точно во 07 часот утрово и изборниот ден се одвиваше мирно.