прегласување
Прегласувањето во седумте избирачки места заврши
22.05.2024 19:44
Седумте избирачки места затворени точно во 19 часот. Прегласувањето за парламентарните избори заврши. Во петата и шестата изборна единица поголема излезеност споредбено со гласањето на 8-ми мај …

Прегласувањето во седумте избирачки места заврши. Се прегласуваше во седум избирачки места, по две во општините Крушево и Долнени и на по едно во Охрид, Струга и во Општина Желино. Гласачките места навреме беа отворени. Според последните податоци на ДИК, излезноста во избирачките места е повисока од изборите одржани на 8-ми мај. За тоа како течеше денот, од ДИК во Дневникот известува Миле Ристески.
