прегласување

ДИК со првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори

22.05.2024 22:09

Денеска се прегласуваше во седум избирачки места за парламентарните избори. Се случи пресврт, според првичните резултати на ДИК, ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата „Вреди“ доби во шестата изборна единица. Состојбата со пратениците во ДУИ во петата изборна единица нема да се смени. Со овој резултат, „Вреди“ обезбеди 14 а ДУИ 18 мандати...

Денеска се прегласуваше во седум избирачки места за парламентарните избори. Се случи пресврт, според првичните резултати на ДИК, ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата „Вреди“ доби во шестата изборна единица. Состојбата со пратениците во ДУИ во петата изборна единица нема да се смени. Со овој резултат, „Вреди“ обезбеди 14 а ДУИ 18 мандати.

Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страна почна со објавување на првичните резултати од денешното прегласување на парламентарните избори и информира дека сите избирачки места се затворени во 19 часот.

Според податоците објавени на веб страницата на ДИК, на избирачкото место 1194 во Крушево, од 469 избирачи гласале 337, три ливчиња се неважечки, а излезеноста е 71,86 проценти. Најмногу, 290 гласа или 86 отсто добила коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 13,06 отсто или 44 гласа коалицијата „За европска иднина“ на СДСМ, а Левица освоила еден глас.

На избирачкото место 1202 во Општина Крушево од 298 избирачи гласале 111, излезеноста е 37,25 отсто и нема неважечки ливчиња. Најмногу, 91 глас или 81,98 проценти добила коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, 13 гласа или 11,71 отсто се на „Твоја Македонија“ и седум гласа или 6,31 отсто од гласовите добила „Европска иднина“.

На избирачкото место 1272 во Општина Охрид од 711 избирачи гласале 373 или 52,46 отсто, а осум ливчиња се неважечки. Вкупно 303 гласа или 81,23 отсто добила „Твоја Македонија“, 27 гласа или 7,24 отсто има „За европска иднина“, 12 гласа или 3,22 процента има „Европски фронт“, 11 гласа или 2,95 отсто добила Левица и исто толку има ЗНАМ, а еден глас или 0,27 отсто има коалицијата „Вреди“.

На избирачкото место 1844 во Општина Струга од 753 избирачи гласале 483 или 64,14 отсто и има 10 неважечки ливчиња. Најмногу, 366 гласа или 75,78 отсто добила „Твоја Македонија“, 46 гласа или 9,52 отсто добила „Европски фронт“, „За европска иднина“ има 41 глас или 8,49 отсто, Левица 11 гласа или 2,28 проценти, „Вреди“ 4 гласа или 0,83 отсто, ЗНАМ два гласа, а „Единствена Македонија“ и Работничка партија добиле по еден глас.