Избори 2024

„Вреди“ со пратеник повеќе на сметка на ДУИ

22.05.2024 23:10

Денеска се прегласуваше во седум избирачки места за парламентарните избори. Според првичните резултати на Државната изборна комисија, ДУИ изгуби еден пратеник, а коалицијата „Вреди“ доби во шестата изборна единица. Во петата изборна единица промена со пратениците на ДУИ нема. Со овој резултат, „Вреди“ обезбеди 14 а ДУИ 18 мандати...

Државната изборна комисија по прегласувањето во 7 избирачки места, шест во петката и едно во шестата изборна единица ги соопшти мандатите. Коалицијата „Вреди“ добива еден мандат повеќе во шестката, на сметка на ДУИ, а во 5-та изборна единица состојбата со пратенички мандати останува непроменета.

Претставникот на коалицијата „Вреди“ Башким Хасани изјави дека во избирачкото место во селото Ларци во општина Желино каде се прегласуваше добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас.

Со неофицијалните резултати ДУИ сега има 18 пратенички места, а „Вреди“ со добиениот плус еден 14 народни избраници. Течат роковите за приговори до петок до 22 часот.

 

Миле Ристески