Политика

Наѕираат контурите на идната влада

23.05.2024 09:12

Јавноста очекува нови имиња на виски функции во надеж за подобар живот. Според најавите, веќе се очекува да се финализира договорот за соработка и да се обелоденат имињата на новите министри во владиниот кабинет

Контурите на идната влада се наѕираат, се чека на лидерите од „Вреди“ и ВМРО – ДПМНЕ да ги соопштат ресорите. Во очекување, во новата владина коалиција, ресори да земат и од движењето ЗНАМ.

Јавноста очекува нови имиња на виски функции во надеж за подобар живот. Според најавите, веќе се очекува да се финализира договорот за соработка и да се обелоденат имињата на новите министри во владиниот кабинет

Лидерот на социјалдемократите, пак, Димитар Ковачевски се повлекува од функцијата претседател. Оставката, како што информираат од неговата партија, е поднесена вчера, директно на седница на Извршниот одбор, прва по изборите на 8 мај.

Ковачевски, повлекувањето го образложил како морален чин поради лошите резултати на претседателските и парламентарните избори.