Македонија

Договорите со еден потпис за времено ангажираните лица на Токсикологија се неважечки

23.05.2024 09:21

Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно со Законот за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија. Констатирале дека договорите за работа се со потпис од само еден директор. Велат дека согласно со законските одредби во однос на потпишувањето на акти, медицинскиот и организацискиот директор имаат заедничка надлежност и кај потпишувањето на договорите за вработување, отказни решенија, јавни набавки.

Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно со Законот за здравствена заштита се сметаат за непотпишани, но, законодавецот не предвидел глоба по ова прашање.

Од Инспекторатот најавија дека за ова ќе го информираат министерот за здравство кој треба да реши во однос на валидноста на договорите за работа.