Нова Каледонија

Продолжуваат немирите во Нова Каледонија

23.05.2024 09:24

Француските сили ќе останат во Нова Каледонија колку што е потребно, рече претседателот Емануел Макрон при посетата на територијата на Тихиот Океан...

Француските сили ќе останат во Нова Каледонија колку што е потребно, рече претседателот Емануел Макрон при посетата на територијата на Тихиот Океан.

Областа сè уште се соочува со немири. Во сила е вонредна состојба. Во последните немири предизвикани поради разговорите во Париз за можни измени на избирачките списоци, шест лица се убиени, а стотици повредени.

Домородното население долго време бара независност.