Сиљановска – Давкова денеска на аудиенција кај папата Франциск
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Денеска во Апостолската палата, шефицата на државата ќе има аудиенција кај поглаварот на римокатоличката црква, неговата светост папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин.
Утре, пак во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува на молебенот во чест на Св. Кирил. Македонската претседателка ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на светите браќа Кирил и Методиј.
Претседателката Сиљановска - Давкова ќе оствари тет-а-тет средба со нејзиниот италијански колега, Серџо Mатарела, по што е предвидена пленарна средба на делегациите на двете земји.
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ во Рим, ќе присуствува на концертот на националната установа „Камерен оркестар од Битола“.
