Избори 2024

ДИК ги одби петте приговори за вчерашното прегласување

23.05.2024 09:32

Два од приговорите биле за гласањето на Избирачко место 2101 во Ларце, Желино и три за Избирачко место 1470 во Дебреште, Долнени.

За време на прегласувањето на парламентарните избори во седум избирачки места во Изборната единица пет и Изборната единица шест, до Државната изборна комисија пристигнале пет приговори за заштита на лично избирачко право.

Два од приговорите биле за гласањето на Избирачко место 2101 во Ларце, Желино и три за Избирачко место 1470 во Дебреште, Долнени.

Државната изборна комисија ги одбила сите приговори.