ЦУК: 1.477 повици на 112 во последното деноноќие
Граѓаните барале помош заради поплавувања и штети од пороен дожд, град, како и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.477 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, а граѓаните барале помош заради поплавувања и штети од пороен дожд, град, како и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата.
Регионалниот ЦУК Куманово, информираше дека поради обилните поројни врнежи од дожд и од град во Липковскиот регион на ден 21.05.2024 година, имаше зголемување на нивото на Липковска Река, заради што дојде до заматување на водата за пиење. Заради тоа во текот на вчерашниот ден 22.05.2024 година, беше прекината дистрибуцијата на водата до граѓаните, се до моментот на надминување на состојбата. Од страна на ЦУК вчера рано утрото, беше побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и да донесат соодветно решение за понатамошна постапка, а до тогаш препорача превентивно водата од водоводот превентивно да не се пие, што веднаш утрово беше пренесено брзо и ефикасно од медиумите.
Инаку, вчера, после седницата што почна околу 12.00 часот на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, со препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува сè додека не се установи дека истата е безбедна за пиење.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 122 се добиени различни пријави заради обилните врнежи дожд и град. Пријави за поплава на дел од земјоделско земјиште, како последица од излевање на Маркова Река, во близина на мостот на ул. „Горно Лисиче“ бб (Општина Аеродром), пријава за поплавени дворови и подрумски простории на ул. „Драчевска“ во Драчево поради затнати одводни шахти (Општина Кисела Вода. Поплавени подрумски простории од станбена куќа на ул. „Ниџе Планина“ бр. 19 во Драчево (Општина Кисела Вода). Во Општина Чучер Сандево има пријави за неколку оштетени куќи и моторни возила.
Сите овие пријави Регионалниот ЦУК Скопје, по комуникациската координација за помош во првиот момент на итните случаи, ги проследи до соодветните Единици за локална самоуправа – општините, за понатамошна постапка.
