„Битола-отворен град“ за сите љубители на културата и забавата

26.06.2014 12:26

Битола-отворен град, фестивал на отворен ум и смисла за култура. Атрактивна програма на отворено и спектакуларни хепенинзи. Сето ова ќе го содржи манифестацијата „Битола-отворен град“, кој се одржува по тринаесетти пат...

Започна богатиот летен културно- уметнички живот во Битола. На два дена до официјалното отворање на деветото издание на „Бит Фест“, воведот во најдолгото  и најобемно културно лето во земјава го најави 13-от интернационален младински фестивал  „Битола отворен град“.

Манифестација која има долга традиција и отсекогаш била предизвик за добра забава на младите.

Во самото име на манифастацијата ја покажавме и симболиката. Тоа е фестивал кој ги отвара умовите на битолчани и останатите лубители на културата. Целта е на едно место да се забавуваат младите од повеќе места вели битолскиот тинејџер Иво Ивановски.

„За младите посебна атракција е тоа што забавите се одржуваат на отворените атрактивни локации а ние како домаќини секогаш се обидуваме тоа да биде на највисоко ниво по што Битола ќе биде препознатлива“, вели Марија Мерковска.

Годинешното издание се отвори со презентација на 100 дигитални фотографии од 50 познати градови во светот. На четирите фествалски вечери на повеќе локации ке бидат одржани неколку журки и перфоманси. Главниот настан  ке биде в сабота на плоштадот „Гоце Делчев“, каде ќе се одржи спектакуларен музички хепенинг на кој главниот збор ќе го има познатиот српски рок бенд „Негатив“.

„За овој познат балкански рок бенд не треба многу да се кажува. Изминатите 15 години тие се предводниците на еден поинаков рок правец на овие простори и задоволство ми е што успеавме за прв пат да ги доведеме да настапат во Битола“, вели извршниот директор на Младинскиот културен центар,Златко Талески.

Битола ќе биде отворена за сите посетители со цел по кој зана кој пат да докажи дека дека е вистинското место каде можат да се сполотат прогресивните млади сили во развојот на инеркултурната соработка.

 

Стевче Митревски