ПОЦ

Утре бесплатен паркинг во Центар

23.05.2024 11:01

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 25.05.2024 година (сабота) со вообичаено работно време

По повод претстојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители од ЈП Паркинзи на Oпштина Центар известуваат дека утре паркиралиштата со кои стопанисува ова јавно претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 25.05.2024 година (сабота) со вообичаено работно време.