Се повеќе жени се одлучуваат за свој бизнис
Се поголем број на жени се одлучуваат да отпочнат свој бизнис. „Предизвиците и потребите на жените претприемачки“- меѓународна конференција на која се разменуваа искуства во областа на занаетчиството. Беа промовирани и нови 18 мајстори жени кои добија диплома за успешно завршен испит. На дводневната меѓународна конференција, жени од земјава, Украина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија ќе дискутираат и за тоа каков тип на поддршка добиваат за вршење на дејност.

Доаѓа момент во животот кога сфаќате дека можете и сами да бидете успешни и да го остварите својот сон, раскажува Селими, жена претприемач.
Повеќе од 30 жени кои оделе на обуки за квалификација и преквалификација на возрасни кај нас веќе се самостојни и отвориле свој бизнис, вели Блажевска, сопственичка на центар за убавина.
„Предизвиците и потребите на жените претприемачки“- меѓународна конференција на која се разменуваа искуства во областа на занаетчиството и споделувањето знаења за справување со кризи како здравствената, економската и воената, со кои се соочи светот во изминатиот период. Промовирано и Здружение за жени претприемачи.
На конференцијата беа промовирани и нови 18 мајстори жени кои добија диплома за успешно завршен испит.
Ана Јосифоска-Тодоровска
