Ватикан

Сиљановска- Давкова на аудиенција кај папата, средба со Радев нема да има

23.05.2024 13:16

Во италијанската престолнина е и бугарскиот претседател Радев, но со него Сиљановска-Давкова нема да има средба. Изразена е подготвеност таа да се реализира час поскоро.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск ја почна неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј. По средбата оцени-пример сме за религиозен дијалог.

Во италијанската престолнина е и бугарскиот претседател Радев, но со него Сиљановска-Давкова нема да има средба. Изразена е подготвеност таа да се реализира час поскоро.

Анита Димитријевска-Велковска известува од Рим.