Македонија

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј

23.05.2024 13:44

Цвеќе положија и делегациите од ректоратот, Институтот за македонски јазик и делегации од други општествени и политички чинители...

По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија, Каја Шукова, заменик- министер за образование и наука Агим Нухиу и Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик- министер за внатрешни работи оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Цвеќе положија и делегациите од ректоратот, Институтот за македонски јазик и делегации од други општествени и политички чинители.