Аграрна политика

Потребна е стратегија за зголемување на домашното производство

24.05.2024 17:23

Од земјоделска земја која извезуваше, станавме увозно зависни од храна. Ако продолжи трендот на увоз од 80 отсто ќе бидеме 100 проценти зависна земја. Потребни се итни реформи и стратегија да се искористат природните ресурси и потенцијалот на земјоделството да го зголеми растот порачуваат земјоделците, трговците и директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи...

Само договорено производство може да биде продуктивно, за да бидат задоволни и земјоделците и трговците. Потребни се откупни центри, функционални водоводни мрежи, поддршка за младите земјоделци, субвенциите да одат во вистинските раце, а не кај т.н. земјоделци и подобрување на инфраструктурата, порачуваат од Федерацијата на фармери на Македонија.

Приходите не се доволни еден земјоделец да опстане, а не па да профитира и да се модернизира. Недостасуваат суровини, технолошки развој, економски промотори и загарантирана минимална откупна цена, порачува Миле Цеков, стопанственик.

Земјоделството има силен потенцијал да ги зголеми растот, продуктивноста и работните места, но потребна е стратегија, реформи кои ќе овозможат користење на природните ресурси, вели Масимилијано Паолучи, директорот на Светска Банка за МТВ. Тоа ќе овозможи зголемување на домашното производство и на извозот.

Милијарда евра е тежок увозот на храна во 2023-та година.

 

 

Александра Велинова