Македонија

Мијалков од денеска е на слобода

23.05.2024 14:28

Ослободувањето на Мијалков следува по уважување на неговата жалба од Апелациониот суд Скопје и донесеното решение, на 23 мај да биде ослободен од издржување на казната затвор, под услов до 25 април идната година, да не стори ново кривично дело.

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, утрово се одјавил од затворот во Струга, каде издржуваше затворска казна за случајот „Империја“.

Ослободувањето на Мијалков следува по уважување на неговата жалба од Апелациониот суд Скопје и донесеното решение, на 23 мај да биде ослободен од издржување на казната затвор, под услов до 25 април идната година, да не стори ново кривично дело.

Поранешниот прв човек на УБК, Мијалков доби три години затворска казна и конфискација на имот за предметот „Империја“. Беше обвинет за кривичните дела злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање на имот.

Затворската казна наместо во „Идризово“, ја издржуваше во отворениот затвор во Струга, по промената на адресата за живеење од Скопје во Охрид.