ДКСК
Иницијатива за утврдување одговорност за директорката и УО на Академијата за судии
23.05.2024 14:30
Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на академијата за судии и јавни обвинители...

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
