Политика

Во вторник конститутивна седница на Собранието

23.05.2024 15:04

Ако нема поместувања по добиени приговори до ДИК, по прегласувањето нема да настанат промени во пратеничките места.

Конститутивната седница на Собранието е закажана за вторник идната недела. Извесно е дека во фотелјите ќе седнат 118-те народни избраници што ги добија уверенијата. Ако нема поместувања по добиени приговори до ДИК, по прегласувањето нема да настанат промени во пратеничките места.

Најмногу 58 пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалициите на СДСМ и на ДУИ во Собранието влегуваат со по 18 освоени мандати. „Вреди“ по прегласувањето ќе има 14 свои парламентарци. Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица на Апасиев на парламентарните избори освоија по шест мандати.

Во меѓувреме тече рокот за поднесување на приговори до Државната изборна комисија по прегласувањето.