Македонија

Гевгелиската болница повторно доби донација од амбулантно возило

23.05.2024 16:12

Гевгелиската болница доби донација од амбулантно возило наменето за итни интервенции. За неполна година ова е второ возило како донација, Не само гевгелиската и возниот парк на струмичката болница е со донирани возила последното во јануари годинава. Последното истражување на центарот за граѓански комуникации утврди дека половина од амбулантите возила во земјава се донации …

Гевгелиската болница доби ново амбулантно возило со што се очекува да се подобри квалитетот на јавно здравствените услуги. Станува збор возило целосно опремено кое ќе го користи службата за итна медицинска помош во Гевгелија донација од Новоматик Македонија.

Возилото значително ќе ги подобри нашите капацитети за одговор при итни случаи, соопшти директорот на гевгелиската болница Александар Киров.

Македонските болница и здравствени домови кубурат со нови современи амбулантни возила. Возниот парк претежно го обновуваат со донации од компании домашни и меѓународни фондации.

Центарот за граѓански комуникации пред пет години објави дека во земјава има 183 амбулантни возила со кои располагаат 47 здравствени институции. Во просек возилата се стари по 11 години од кои половината се донации.

 

Ване Трајков