Комбинаторики за формирање Влада
Новата влада се очекува да биде формирана до 20-ти јуни. Во тек се преговорите на ВМРО- ДПМНЕ и на „Влен“. По прегласувањето се очекува идната владина коалиција да тежи најмалку 72 пратенички мандати. Од коалицијата ЗНАМ не излегуваат со детални информации, велат ќе преговараат ако бидат поканети ...

Продолжуваат преговорите на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „Влен“ за учеството во коалицијата во новата влада. Не се откриваат официјални детали каде се фокусирани, и дали веќе се знае со кој ресор чиј кадар ќе управува. Единствено со информација излезе еден од четворицата лидери на „Влен“, Таравари, вели покрај заменик-премиер ќе ја имаат и првата позиција во здравство.
Пратеникот Антонијо Милошоски очекува до 20-ти јуни да се изгласа новата влада. На социјалните мрежи го објави распоредот во Собранието и напиша:
„Новата влада се очекува до 20-ти јуни, најверојатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ“.
Ги контактиравме ЗНАМ. Оттаму велат, досега немале преговори со ВМРО-ДПМНЕ, но ако бидат поканети ќе преговараат за коалиција во новата влада.
„Ако бидеме повикани на преговори, ќе преговараме, доколку не, нема да инсистираме. Ќе дејствуваме според нашата политичка програма која јасно ја презентиравме во изминатите месеци“, велат од движењето ЗНАМ.
Во изминатиот период лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски излезе со став дека ќе се формира двотретинско владејачко мнозинство во парламентот.
Наташа Јанчиќ Менковски
