СДСМ со отчетен конгрес и избор на нов претседател
Откако Ковачевски ја достави оставката пред членовите на Извршниот одбор, партиските органи одлучија на внатрепартиски избори ќе се гласа за нов лидер на СДСМ . Иако сè уште не е почната номинацијата за прв човек на партијата, за претседателската функција кандидатури најави неколкумина...

Социјалдемократите нов претседател ќе бираат во јуни. Ова следи по оставката која ја поднесе Димитар Ковачевски. Внатрепартиските избори ќе ги спроведе Централната изборна комисија. Ќе се формираат работни групи која ќе го рестартира членството за гласање на директни избори“. Според партискиот Статут, ќе се прави избирачки список со членови со право на глас. Лидер ќе биде оној кандидат кој ќе освои мнозинство. Ако тоа не се оствари, се оди на втор круг со првите двајца кандидати и победува оној што има најмногу гласови. Се очекува во трката да се вклучат повеќе кандидати. За челната позиција во СДСМ размислува директорот на Царина, Стефан Богоев. Порачува дека треба да се промени пристапот на партијата кон стратешките прашања.
Едно од имињата кои се споменуваат како следен претседател на СДСМ е и Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ. Смета дека одлуката за оставка на Ковачевски по катастрофалниот пораз е правилна, но задоцнета.
На изборите ќе им претходи отчетен конгрес. Ќе се анализираат најлошите изборни резултати во историјата на партијата, 154 илјади гласови и само 18 пратеници. СДСМ почна да бира претседател на директни избори наместо на Конгрес од 2021-ва. Дел од Извршниот одбор побарал враќање на делегатскиот систем поради стравот дека бројот на регистрирани членови ќе биде далеку помал.
Игор Панов
