ВАТИКАН
Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата, не се сретна со бугарскиот колега Радев
23.05.2024 19:44
Сиљановска-Давкова во Ватикан доби поддршка од папата за евроинтегративниот пат на земјава. Не се сретнаа со бугарскиот колега, но Радев ја покани македонската претседателка на средба во Бугарија...

Претседателката Сиљановска Давкова со аудиенција кај папата Франциск ја почна официјалната посета на Ватикан и на Рим во рамки на чествувањето на 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. По средбата оцени дека сме пример за религиозен дијалог. Во италијанската престолнина е и бугарскиот претседател Радев.
Анита Димитријевска-Велковска известува од Рим
