Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

24.05.2024 08:19

Попладне претежно во северните и источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне претежно во северните и источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец.