Одбележување

Се празнува делото на светите браќа Кирил и Методиј

24.05.2024 08:27

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Се празнува делото на светите браќа кои ја создадоа првата пишана словенска азбука-глаголицата, и отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа...

Македонија го празнува денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Светите браќа се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. По повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во Италијанската Република.

Шефицата на државата во Ватикан доби поддршка од папата за евроинтегративниот пат на земјава. Не се сретнаа со бугарскиот колега, но Радев ја поканил на средба во Бугарија. Денеска во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува на молебен во чест на Свети Кирил. Ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик, во чест на делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Попладне, претседателката ќе оствари средба со нејзиниот италијански колега, Серџо Матарела.