Сребреница

Вучиќ ја осуди Резолуцијата во ООН за Сребреница

24.05.2024 08:41

Изјави дека таа ја понижува Србија и дополнително го дели регионот, но дека е горд на својата земја и на Србите во соседните земји, додавајќи дека повеќе од две третини од светското население не гласало за неа...

Српскиот претседател Вучиќ го осуди усвојувањето на Резолуцијата во ООН за комеморација на геноцидот во Сребреница. Изјави дека таа ја понижува Србија и дополнително го дели регионот, но дека е горд на својата земја и на Србите во соседните земји, додавајќи дека повеќе од две третини од светското население не гласало за неа.

„Гледате, ова е големо изненадување за многумина кои беа во салата, иако им кажав какви поделби ќе предизвика ова. На крајот, 87 од присутните во салата не гласаа за резолуцијата, 84 гласаа за. Во секој национален парламент тој предлог ќе мора да падне“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Од 193-членото Генерално собрание, 84 држави гласаа за, 19 беа против, а 68 земји беа воздржани. 22 земји го прескокнаа состанокот и не гласаа, некои наводно поради спорот околу комеморацијата. Босна и херцеговина најави дека ќе испрати протестни ноти до државите кои во обединетите нации гласаа против.