Израел

Судот во Хаг носи одлука за офанзивата во Рафах

24.05.2024 08:45

Во исто време, израелските власти не се откажуваат од распоредувањето дополнителни сили во јужниот град. Ќе му зададеме многу тежок удар на Хамас-тврди израелската одбрана...

Меѓународниот суд на правдата денеска носи одлука за барањето на Јужна Африка за запирање на израелската офанзива во Рафах. Во исто време, израелските власти не се откажуваат од распоредувањето дополнителни сили во јужниот град. Ќе му зададеме многу тежок удар на Хамас-тврди израелската одбрана.

„Ги зајакнуваме нашите напори во Рафах, оваа операција ќе се зголеми со повеќе сили од земја и од воздух достигнувајќи ги нашите цели – силно да го погодиме Хамас, воено до го онеспособиме, и да создаваме услови да ги вратиме заложниците дома. Тоа е важна работа и централно прашање за нас. Ќе вложиме максимални напори да го спроведеме на сите начини“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Израел изврши проценка и на северниот фронт. Нетанјаху тврди дека стотици оперативци на Хезболах се елиминирани, најавувајќи нови, детални и изненадувачки планови за непријателот.