Украина

Битката за Харков продолжува

24.05.2024 09:08

Киев ја обвини Москва дека се обидува да ги запали и уништи сите сфери на животот на украинците откако во руски напад беше погодена најголемата печатница во земјата...

Киев ја обвини Москва дека се обидува да ги запали и уништи сите сфери на животот на Украинците откако во руски напад беше погодена најголемата печатница во земјата.

„Во нападот загинаа и беа ранети голем број луѓе. Руските терористите сакаат да ги запалат и уништат сите сфери на животот, а тоа се случува само затоа што Украина сè уште има ограничувања во својата одбрана. Недостигаат системи за противвоздушна одбрана, кои всушност се достапни во светот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Генералштабот на украинската армија тврди дека во областа Харков, руската офанзива е запрена. Во Вовчанск и натаму се водат улични борби. САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 275 милиони долари.