Оворена нова потрага по малезискиот боинг

26.06.2014 13:42

Истражителите сметаат дека има малку докази кои би укажувале на тоа дека авионот намерно скршнал илјадници километри...

Почнува нова потрага по малезиски боинг 777 којшто исчезна на 8-ми март. Во јавноста излегоа нови информации коишто би можеле да помогнат во пронаоѓање на леталото.

„Повторно ќе се пребарува областа во јужните делови на Индискиот Океан, каде што леталото последен пат било забележано преку сателит. Сега ја прошируваме таа област уште појужно, отприлика онаму каде што беше фокусирана првата потрага“, вели Ворен Трус, министер за сообраќај на Австралија.

Истражителите сметаат дека има малку докази кои би укажувале на тоа дека авионот намерно скршнал илјадници километри од рутата пред да падне во океанот.