Индија
Експлозија во хемиска фабрика во западна Индија, најмалку 9 загинати
24.05.2024 09:31
Причината за несреќата се истражува, но се претпоставува дека експлозијата настанала во котелот на фабриката по што пожарот ги зафатил блиските објекти и куќи во областа Тане во државата Махарашатра...

Најмалку 9 лица загинаа, а 64 се повредени при експлозија во хемиска фабрика во западна Индија. Причината за несреќата се истражува, но се претпоставува дека експлозијата настанала во котелот на фабриката по што пожарот ги зафатил блиските објекти и куќи во областа Тане во државата Махарашатра.
Огнот е изгаснат, но спасувачите стравуваат дека под урнатините може да има уште тела.
