Македонија
Колони возила на македонско-грчката граница
24.05.2024 11:38
Продолжениот викенд значително ја зголеми фреквенцијата кон соседна Грција...

Од утрово колони на македонско-грчката граница. Продолжениот викенд значително ја зголеми фреквенцијата кон соседна Грција. Видеокамерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“на граничниот премин „Богородица“, за влез во Грција покажуваат голем метеж.
На граничниот премин „Меџитлија“ состојбата е поинаква, таму сообраќајот се одвива без посериозни задржувања. Зголемен интензитет е забележан и на ГП „Табановце“ кон соседна Србија.
Метежот започна уште вчера попладне, кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.
