рим

Чествување на светите браќа Кирил и Методиј

24.05.2024 13:13

Денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, бидејќи тоа значи обединување, разбирање, слушање, говорење, рече Сиљановска Давкова, по молебенот во чест на свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител...

24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература. Денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, бидејќи тоа значи обединување, разбирање, слушање, говорење, рече Сиљановска Давкова, по молебенот во чест на свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител.

Од Рим известува Анита Димитријевска-Велковска.