Животна средина
Продолжуваат протестите против ископот на „Бехтел и Енка“
24.05.2024 14:01
Поднесено е барање за обезбедување докази до прилепскиот Основен суд, а до Уставниот да се преиспита уставноста. Инспектор за заштита на животната средина направи увид.

Жителите на прилепско Ореовец ги продолжуваат протестите против ископот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ со кој, велат се загрозуваат животната средина, водата за пиење и живеењето. Поднесено е барање за обезбедување докази до прилепскиот Основен суд, а до Уставниот да се преиспита уставноста. Инспектор за заштита на животната средина направи увид.
Известува Елизабета Митреска
