Колони возила за излез од земјава, метеж на границата со Грција, Скопје речиси празно
Продолжениот викенд создаде метеж на македонските граници. Некои тргнаа уште вчера попладне, други изутринава – до 10 часот низ „Табановце“ минале 18 илјади возила, 16 илјади низ „Богородица“. Во колони се чекаше за влез во Грција. Главниот град на земјава остана речиси празен …

Улиците во главниот град се речиси празни. Топлото време и продолжениот викенд ги натераа скопјани да ги напуштат своите домови, да прошетаат надвор од градот или да ја напуштат земјава. Но оние коишто останаа денот го поминаа во природа.
Колони возила на „Богородица“ за влез во Грција. Грчките плажи овој продолжен викенд полни со македонски туристи. Празнично, најмногу метеж на граничниот премин „Богородица“. Но зголемен интензитет денеска имаше и на „Табановце“, границата со Србија.
Од МВР велат дека ги преземаат сите мерки за да се забрза протокот на граничните премини иако состојбата полека се стабилизира. Од таму велат дека веќе се подготвуваат и за претстојната летна туристичка сезона. Посебни ленти за туристичките автобуси, посебни проверки со коишто ќе за забрза сообраќајот. Граничарите од Републичкиот центар за гранични работи југ оствариле средба со туристичките агенции коишто главно превезуваат патници кон Грција и направиле план и програма како да се забрза.
Ана Јосифоска Тодоровска
