ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Нови протести и блокади на земјоделците од струмичко
24.05.2024 16:25
Нови протести и блокади на земјоделците од струмичко. Денеска излегоа производителите на домати, гневни на почетната откупна цена. Го повикаа министерот да ги посети и да се најде модел за повисока цена …

И производителите на домати од струмичко го кренаа гласот. Со блокада на патот Струмица – Просениково го изразија незадоволството од почетната откупна цена од 25 денари која според нив е катастрофална наспроти трошоците.
Го повикаа министерот за земјоделство да им помогне. Да се обезбедат пазари и да има пристојна цена за килограм домати.
Во вторникот оваа недела протестираа и производителите на компир во струмичко по што падна договор откупната цена да не биде пониска од 20 денари наредните десет дена.
Ване Трајков
