Трибина „Св. Кирил и Методиј, стожер на постоењето!“
Со трибина под наслов „Светите Кирил и Методиј, стожерот на нашето постоење“ на брегот на Охридското езеро се одбележа Денот на сесловенските просветители. Браќата Кирил и Методиј пред еден милениум покажаа дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд, истакна во своето обраќање лидерот на ВМРО ДПМНЕ христијан Мицкоски …

Браќата Кирил и Методиј пред еден милениум покажаа дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд. Нивниот аманет кој го оставиле е голем, исто како што е големо и нивното име, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ христијан Мицкоски на трибината во калишкиот манастир.
Тие се денес европски светители и заштитници и секој може да го слави нивното дело, но факт е дека пред повеќе од 1100 години нивните мисионерски чекори почнале од македонската земја, додаде Мицкоски.
„И токму од македонската земја го земаат сето свое јазично, културно и идентитетско семе и го шират низ целиот словенски свет. И ако не беше нивната духовна сила, и школа немаше да биде ниту св. Климент и св. Наум, кои се најсилната греда врз која се потпира и нашата света православна црква, но и нашата писменост. Затоа св. Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење“, истакна Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со грдост, треба да ја зачувување на нашата историја и така да го добиеме заслуженото место во ЕУ, истакна научната фела.
„Се обиделе на автентичен начин да го пренесат божјото слово необидувајќи се на никого да влијаат врз нечија култура врз нечиј идентитет, јазик туку на автентичен начин да пренесат создавајќи писмо“, изјави Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет Св. Климент Охридски.
„Тоа е апсурдот на политиката и мешањето на политика во историјата токму пораката тука ја гледам на Кирил и Методиј таа рамноправност на словенските народи вклучително и македонскиот којшто заслужува да го добие своето место во европската унија“, изјави Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ.
И во Охрид, лулката на словенската писменост со низа свечености се одбележа Денот на сесловенските просветители. Делегации, амбасадори конзули се поклонија пред апостолите кои го описменија словенскиот род.
Соња Рилковска
