посета
Сиљановска-Давкова на молебен во чест на Св. Кирил во Рим, оствари средба со италијанскиот колега Матарела
24.05.2024 21:22
Црковно-државна делегација, предводена од претседателката Сиљановска-Давкова беше на молебен во базиликата во Рим, каде што се наоѓа гробот на Свети Кирил.Во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела...

Одбележан Денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј. Црковно-државна делегација, предводена од претседателката Сиљановска-Давкова беше на молебен во базиликата во Рим, каде што се наоѓа гробот на Свети Кирил. Претседателката оцени дека тој со векови бил пред времето и го вградил нашиот живот во Европа. Во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Анита Димитријевска-Велковска
