Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
25.05.2024 08:41
Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално, особено во западните делови во форма на краткотрајно невреме...

Времето денеска во Македонија во претпладневите часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално, особено во западните делови во форма на краткотрајно невреме.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
