Велес доби нов театар

26.06.2014 14:23

Објектот е изграден на 4 илјади 200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена до 110 посетители...

Во Велес отворена новата зграда на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, инвестиција на Владата на Република Македонија.

Објектот е изграден на 4 илјади 200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена до 110 посетители.

Основниот сценски простор од големата сцена е со три оркестарски и осум сценски платформи со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од која било светска продукција.

Во тек е и конкурс за избор на драмски текст кој до крајот на годината  премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар.

Денеска во Велес е претставен и модернизираниот терен на градскиот стадион, а продолжува и реконструкцијата на мостот Гемиџии.