Македонија

Во хируршкиот блок при комплексот клиники во функција само три операциони сали

25.05.2024 09:34

Во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, во функција само три операциони сали, во кои се извршуваат само исклучително итни операции. Другите веќе една недела се затворени, поради ширење непријатна миризба....

Во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, во функција само три операциони сали, во кои се извршуваат само исклучително итни операции. Другите веќе една недела се затворени, поради ширење непријатна миризба.

Од Министерството за здравство-молк. Нема одговори на прашањата дали проблемот е надминат, кога повторно би се ставиле во функција сите хируршки сали и која беше причината за нивното затворање.

Надзор на хирургија направија и инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, но оттаму велат дека немаат ингеренции да постапуваат понатаму, освен да го информираат Министерството за здравство. Пациентите кои не се третираат како итни случаи се препраќаат во другите здравствени установи во Скопје.

Зголемен број пациенти има во клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а исполнети се речиси сите капацитети во „8 Септември“. Сличен проблем во хируршкиот блок имаше и минатиот месец, но тогаш салите не беа во функција само два дена. Хирурзите тогаш реагираа дека тоа се случува прв пат во историјата на македонското здравство и дека таквите проблеми мора веднаш да се надминат.