Русија

Русија за прв пат соопшти дека исламската држава го изведе нападот на концертната сала во Москва

25.05.2024 10:12

Русија за првпат јавно соопшти дека исламска држава го координирала смртоносниот напад во концертната сала во Москва во март годинава, но и натаму инсистира на инволвираност на Украина во злосторството...

Русија за првпат јавно соопшти дека исламска држава го координирала смртоносниот напад во концертната сала во Москва во март годинава, но и натаму инсистира на инволвираност на Украина во злосторството.

Украинското воено разузнавање беше директно вклучено во смртоносниот напад на „Крокус сити хол“ во близина на Москва во кој беа убиени над 140 луѓе, изјави шефот на руската федерална служба за безбедност Александар Бортников. Тој го обвини и НАТО дека го олеснува трансферот на „платеници и милитанти од меѓународните терористички организации од Блискиот Исток, северна Африка и од Авганистан во Украина, за да можат да се борат против руските сили таму. 

ИСИС ја презеде одговорноста за масакрот, а американските власти рекоа дека располагаат со разузнавачки информации кои покажуваат дека тој бил извршен од авганистанскиот огранок на мрежата, исламска држава-Корасан.