Куманово

Заштеди во училиштата по поставени фотоволтаици

26.05.2024 12:41

Заштеди на електрична енергија регистрираат кумановските средни училишта по поставени фотоволтаици. Според првичните проценки заштедите се значајни...

Кумановските средни училишта евидентираат заштеди по поставувањето на фотоволтаици. Надлежните од училиштата информираат дека според првичните проценки заштедата е задоволителна, сметките за електрична енергија се значајно намалени. Укажуваа дека е потребно повеќе време за да се види заштедата. Од гимназијата „Гоце Делчев“ појаснуваат дека произведената струја од фотоволтаици ја користат за затоплување, осветлување, работа на компјутери.

„Функција на фотоволтаици е веќе од мај 2023-та година во употреба и се забележува значителна заштеда на финансиските средства и сме задоволни секако односот на она што сме го плаќале без фотоволтаици и сега е многу поголем. Околу 3:1 заштеда“, истакна Марија Тодоровска, директорка гимназија „Гоце Делчев“ Куманово.

И од средните училишта Перо Наков двата објекти, и техничкото Наце Буѓони, потврдуваат дека е слична состојбата со новите сметки за струја.

„Значителна заштеда на електричната енергија и во нашето училиште претходно инвестиравме и во замена на светилки, поставивме ЛЕД сијалици речиси во целото училиште и во македонскиот и во албанскиот објект“, истакна Мила Жибак Димковска, ССУ „Перо Наков“ Куманово.

Овие училишта претходно беа реконструирани. Добија нови енергетски ефикасни фасади.

Освен заштеда зелените инвестиции според надлежните треба да придонесат и за почиста животна средина.

 

Елена Георгиева