Поради интервенции на Водовод Скопје на некои населени места во Скопје ќе нема вода
Цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот...

Од вечерва во 21 часот со цистерни со питка вода ќе се снабдуваат клинички центар „Мајка Тереза“ и детската болница „Козле“, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно и Сарај е на мапата каде што ќе се вршат интервенции за 12 населени места да го решат проблемот со водоснабдување.
Цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти за ова откако најави оти ќе се врши замена на старата со нова мрежа за да се овозможи подобро водоснабдување без дефекти и загуби на вода.
Во Македонија најголем дел од водата се губи уште пред да стигне до граѓаните. Последните податоци на Регулаторната комисија за енергетика, покажуваат дека на ниво на држава, од над 220 милиони кубици вода, дури 62,4 процента се таканаречена неприходувана вода, односно вода којашто се губи уште во старите водоводни системи уште пред да стигне до корисниците.
Нешто подобра е сликата во скопскиот регион, но и таму речиси 60 проценти од водата е неприходувана.
