На граничните премини вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија
Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, огромен метеж беше забележан на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“...

Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, огромен метеж беше забележан на граничните премини Табановце и Богородица. Според снимките од видеокамерата на Јавното претпријатие за државни патишта, забележливи беа колони возила кои чекаа да ја напуштат државата. На Табановце пак се чекаше за влез во земјава, која за српските туристи е транзит држава до Грција.
Според МВР, во периодот од 10:00 часот завчера до 10:00 часот вчераутро, на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавиле вкупно 3.444 патници.
Вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија, а вкупниот број на граѓани на дозволи за влез и излез е 15.838.
Продолжениот викенд голем број граѓани од Србија и Македонија го користат за посета на плажите во соседна Грција.
