Потребно е враќање на дигнитетот на учителот
Во екот на уписот на првачињата, на матурите и крстопатите на младите во образованието, е поставува прашањето за статусот на учителот и учителствувањето како една од носечките професии во нашето општество. Учениците бараат поинтензивна комуникација, возрасните авторитетот на учителот во образовниот процес. Наспроти ова е и прашањето како да се привлече вниманието за оваа професија...

Неопходно е да ги вратиме авторитетот и дигнитетот на учителот. Тоа не е само прашање на институциите, туку и на поединецот, самокритично размислува прилепскиот учител до петто одделение Гоце Бумбароски. Многу зависи од самиот учител колкав авторитет ќе постигне.
За учениците, мора да има комуникација, за возрасните враќање на моралните вредности.
Потребни се промени во образовниот систем, а некогаш дури и враќање чекор назад
Статусот на учителот е условен и од односот на општеството. За познавачите на приликите главно прашање е како да се врати интересот кај студентите за оваа професија.
Елизабета Митреска
