Грузија

Во Грузија повторно демостранти против Предлог-закон за странски агенти

25.05.2024 12:36

Демонстрантите и опозицијата во земјата тврдат дека неговото усвојување ќе и наштети на земјата да стане членка на ЕУ и ќе ја задуши демократијата во земјата...

Толпа Грузијци се вратија на улиците на Тбилиси барајќи ослободување на околу 200 уапсени за време на повеќенеделните демонстрации против контроверзниот Предлог-закон за странски агенти.

Грузискиот Парламент в понеделник ќе ја почне процедурата за поништување на ветото на претседателот против текстот, кој е веќе усвоен од пратениците. Демонстрантите и опозицијата во земјата тврдат дека неговото усвојување ќе и наштети на земјата да стане членка на ЕУ и ќе ја задуши демократијата во земјата.

САД веќе објавија нова политика за визни ограничувања за жителите на Грузија.