Нова Гвинеја
Расте бројот на жртви во северна Папуа, Нова Гвинеја
25.05.2024 14:59
Расте бројот на жртви откако над 300 луѓе останаа затрупани по свлечиштето што го срамни селото Каокалам во северна Папуа, Нова Гвинеја. Одронот што го блокираше пристапот до автопатот ги отежнува операциите на спасувачите...

Расте бројот на жртви откако над 300 луѓе останаа затрупани по свлечиштето што го срамни селото Каокалам во северна Папуа, Нова Гвинеја. Одронот што го блокираше пристапот до автопатот ги отежнува операциите на спасувачите, кои единствено со хеликоптери можат да пристапат до теренот.
Се претпоставува дека над сто куќи се под земја, а во потрагата се вклучени сите расположливи ресурси на итната служба, војската и службите во заедницата. Досега се извлечени десетици тела.
