Клима

Последици од климатските промени

25.05.2024 15:25

Намален род, губење ендемски видови, поплави и суши ќе бидат се почести појави поради интензивирање на климатските промени што се случуваат насекаде во светот. Секоја држава индивидуално си крои стратегии за како побезболно да ги преживува, кај нас суштински е да се подигне свеста...

Град со големина на тениско топче, намалено производство на храна, последици по човековото здравје, закана стапката на смртност да се зголеми за 10 проценти се дел од последиците од климатските промени. Климатските промени се сериозна закана за нашата земја. Не само за животната средина, туку и земјоделството, економијата и здравството.

За 15 проценти ќе се намалат врнежите до 2050-та година, а до 2100-та севкупната достапност до вода според проценките како резултат на климатските промени. Земјоделците во нашата земја сè уште зависат од природните врнежи кои ја менуваат динамиката и стануваат нерредвидиви.

Стратегија не само на хартија туку и нејзина имплементација. Итно треба да се преземат мерки да им се обезбеди одржлива и сигурна иднина на следните генерации – апелираат Еко активистите.

Првиот чекор во борбата против климатските промени е да се подигне јавната свест кај луѓето, бидејќи тие се реалност, а не заблуда. На подрачјето на Македонија се очекуваат значителни неповолни промени веќе кон средината, а особено кон крајот на овој век според истражувањата.

 

Александра Велинова