Нов протест на производителите на домати од струмичко
Струмичките производители втор ден протестираат барајќи средба со владини претставници да се најде решение со ниските откупни цени на доматите на почетокот на бербите. Најавија дека во понеделник ќе ја блокираат Струмица оти во државата никој не мисли за обичниот земјоделец...

Ако нема влада не значи дека треба да бидеме оставени на милост и немилост. Ова држава има институции. Вака реагираа струмичките производители на домати, кои втор ден протестираат незадоволни од почетната откупна цена на доматите.
Раноградинарите најавија дека од понеделник ќе ги радикализираат своите протести, бидејќи никој не сака да им помогне.
Струмичките раноградинари, поддршка добија и од национална земјоделска мрежа од каде побараа државата да стави ред во откупот и увозот на домати.
Во струмичко има околу 500 хектари со домати под пластеници. Бербата само што започнува а по откупните пунктови цената се движи од 20 до 25 денари.
Втор ден протести на струмичките производители на домати.
Ване Трајков
